Барселона е пресилна за Валенсија (ВИДЕО)

174

Екипата на Барселона успеа да се исправи пред предизвикот попладнево и да обезбеди значајни три бода односно победа на гостуањето кај Валенсија од 1:4. Клучен период на овој натпревар беа првите четириесетина минути во кои Барселона поведе со 0:3, по што работите беа појасни во продолжението. Аубамејанг на два пати и еднаш Френки Де Јонг погодија во првиот дел, а потоа Валенсија за момент намали на 1:3 преку Солер. Сепак, Педри во 63. минута повторно носи плус три за гостите, а потоа и конечни 1:4.

Барселона во моментов е четврта со 42. бода, додека пак  Валенсија е 12. со 30 поени.

ПретходноДокторе сила си…. (ВИДЕО)
СледноПерез не отстапува: Мбапе или Халанд? Еден од нив доаѓа на „Бернабеу“