Се спрема спектакл во Кавадарци. Тиквеш го дочекува Пелистер, во меч кој бодовите се многу важни за двете екипи во битката за опстанок. Се разбира дека трибините на Градскиот стадион ќе бидат добро исполнети, се очекува добар фудбал а ќе се навива и за Тиквеш и за Пелистер.
Тоа е мотото на секое “братско дерби“ кога играат овие две екипи. Имено позната е поврзаноста на “лозарите“ и “чкембарите“ тие се браќа засекогаш како што истакнуваат и се ќе биде во име на фудбалот, во име на Тиквеш и Пелистер.
Можеби четата на стратегот Влатко Костов е фаворит на хартија, јасно е дека има подобар тим, но Пелистер не би бил Пелистер ако не знае да изненади против било кого и било каде.
Кавадарци се спрема за спектакл од 14 часот.