Откако зимава го засили тимот на Дебрецин, денеска Дориан Бабунски за прв пат покажа какво засилвање е за овој клуб. Одлично. Македонскиот репрезентативец денеска беше двоен стрелец во триуфот од 0:2 против екипата на Пушкаш Академија, меч кој со оглед на ситуацијата на табелата беше и тоа како важен за гостите.
Дориан се најде во стартниот состав на Дебрецин, и очигледно стручниот штаб не погреши со одлуката. Најпрво во 17. минута, а во вториот дел и во 70. минута напаѓачот успеа да погоди за водство, а потоа и за конечен триумф на Дебрецин.
Покрај него и Давид Бабунски се најде во почетниот состав на Дебрецин, податок што кажува дека браќата се добитна комбинација за Унгарскиот тим во моментов.