Конечно најде клуб – Вилшир ќе игра за дански Архус

182

Некогашниот англиски репрезентативец Џек Вилшир одлучи да направи неверојатна промена во кариерата. После Арсенал, Вест Хем и Борнмут, англискиот играч за врска потпиша договор со данскиот прволигаш Архус.

Вилшир од летоска е без клуб, се поврзуваше со враќање во Арсенал, со Комо, со шкотски клубови, на крајот отиде во Данска.

„После тешкиот период му благодарам на Архус за понудената рака. Ќе дадам се од себе да донесам успеси за екипата“, изјави Вилшир кој ќе го носи дресот со број 10.

Инаку спортски директор на овој клуб е поранешниот дефанзивец на Ливерпул Стиг Инге Бјорнеби.

„Вилшир ќе ни донесе уште повеќе офанзивни опции. Тој е во добра физичка кондиција. Неговата техника и прегледност ќе бидат од голема корист за тимот“, додаде Бјорнеби.

Архус е на седмото место на табелата во данската Суперлига, а наредниот меч ќе го игра против Вејле.

 

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ го згази МЗТ Скопје и испиша историја (ФОТО)
СледноРадуловиќ: ТФТ повеќе ја посакуваше победата од нас!