Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд остануваат главните трансфер цели на Реал Мадрид ова лето.
Клубот од Мадрид не планира некои големи промени во ростерот во претстојниот преоден рок, но нов намаѓач мора да биде доведен. Клубот е фокусиран на засилување на напаѓачката линија, а весникот „Марка“ потврдува дека „кралевците“ со сите сили се фокусирани на само две големи напаѓачки ѕвезди.
Реал Мадрид би можел да ангажира и крилен напаѓач и играч од средниот ред, но овие трансфери зависат од продажбата на сегашните играчи на тимот.