Амир Смит го понесе признанието за најкорисен кошаркар во Купот на Македонија. Американецот во финалето против МЗТ Скопје одигра одличен натпревар, постигна 12 поени, но царуваше под обрачите со 17 скока.
„Се чувствувам одлично, работевме сите напорно. Не можев да посакам нешто повеќе од моите соиграчи, од мојот тим. Ние сме една група на феноменални играчи. Не сум само јас играчот кој е МВП, тука имаме и други момци во овој тим кои можат да „летаат“. Верувавме во Бог, верувавме во себе, дојдовме до извонреден успех“, изјави Смит по доделувањето на МВП признанието.
ТФТ вечерва го освои првиот пехар во својата историја и најави дека нема да застане, ќе продолжи да се бори и во првенството.