Како што и се најавуваше. Денеска во Кавадарци двете навивачки групи “лозари“ и „чкембари“ заедно навиваа во име на фудбалот. На теренот многу нервоза, два црвени картони и јалови напади на кавадарчани.
Сепак во 89.минута, кога сите мислеа дека Пелистер ќе остане непоразен, Благоја Љамчевски рече – доста е, и испрати вистинска “бомба“ кон голот на „својот“ Пелистер.
Супер – гол за победа и големи три бода на Тиквеш и четата на Влатко Костов.