По секој пораз оваа сезона, домашниот шампионат за актуелниот македонски првак доаѓа како мелем на раните. Вака беше и вечерва, по лошото издание во Нашице и вториот пораз во СЕХА-лига, Вардар 1961 се рехабилитираше кај Тиквеш на гости, славеше со убедливи 25-30.
На овој меч играше и Тимур Дибиров, кој пак не влезе во игра против хрватскиот тим. Рускиот ракометар беше прв стрелец со седум гола, на другата страна Јанчев запиша шест,
Неизвесност имаше само во воведните минути, по водството на кавадарчани од 8-7, гостите со серија од 2-5 поведоа со 9-12, на доморот позитивата беше четири гола (12-16).
Вардар немаше проблем во продолѓение, набрзина дојде на плус осум (12-20), како одминуваше мечот така ја зголемуваше предност која беше и двоцифрена (16-26).