Венеција и Џенова си ги поделија бодовите

80

Екипата на Венеција не успеа попладнево да ја искористи предноста на домашен терен и во новото коло од Серија А, успеа да одигра само 1:1 против Џенова.

Иако на ВЕнеција трите бода и  беа исклучително важни, сепак домаќините не успеаа на овој меч да стигнат до нив. Томас Хенри ги доведе уште во 13. минута во водство, но десетина минути подоцна, Екубан изедначи на 1:1.

Иако и двата тима имаа по неколку ситуации пред противничкиот гол, сепак, мрежите до крајот мируваа.

Со овој бод Венеција стигна до 22. бода додека, пак Џенова засега е на 16.

 

ПретходноЛидс Ј. се врати од 0:2, но Јунајтед успеа да дојде до посакуван триумф (ВИДЕО)
СледноБаерн се разбуди во вториот дел (ВИДЕО)