Гол по четири години и тоа каков! (видео)

265

Австралискиот фудбалер Бенџамин Гаручио постигна спектакуларен гол на мечот меѓу Вестерн Јунајтед и Вондерерс во 15. коло на тамошната А лига. Овој гол е кандидат за најдобар гол во изборот на ФИФА, а Гаручио по центаршут од левата страна фантастично шутираше со шкорпион удар во мрежата на противничкиот голман.

Интересно, овој фудбалер постигна два гола на натпреварот, а претхониот погодок го постигнал пред четири години.

Се вкупно во 159 натпревари во кариерата постигнал вкупно пет гола, заедно со денешните два.

ПретходноРадески: Заслужено победивме, доминиравме од почеток до крај
СледноКУП НА МАКЕДОНИЈА: ТФТ го згази МЗТ Скопје и испиша историја (ФОТО)