КУП НА МАКЕДОНИЈА: „Баделки“ во лов на трофејот преку стариот должник – Баскет Кам!

218

Пред почетокот на финалето во машка конкуренција во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ ќе се одигра дуелот за пехарот во женска конкуренција. Во репризата од минатогодишното финале силите ќе ги одмерат Бадел 1862 и актуелниот бранител Баскет Кам, дуелот е закажан со почеток во 17 часот.

За разлика од минатата сезона, „баделки“ оваа доминираат во домашниот шампионат, го имаат искуството од ВАБА-лигата, па овој пат тимот од Македонска Каменица ќе има многу тешка задача.

Избраничките на Перо Стамески до финалето стигнаа убедливо, на сметка на Струга, додека пак на другата страна Баскет Кам имаше тешка задача во полуфиналето се намачи против Вардар.

Кога станува збор за пехарите, Бадел 1862 до сега има освоено четири по ова име, како наследник на Вигор Скопје има 13. пехари во Купот на Македонија, додека пак Баскет Кам оди по вториот во ова натпреварување.

Кошаркарките од Кисела Вода последен во Купот победиле во 2016 година, која дојдоа до третиот трофеј во низа.

КОШАРКАРСКИ КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“

 ДОСЕГАШНИ ОСВОЈУВАЧИ – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

(година на одржување, град, шампион – вицешампион)

1993 година (прв по осамостојување), Скопје: Симекс Скопје – Ино Спектар

1994 година, Куманово: Тиквеш Флорида – Ино Спектар Студент

1995 година, Скопје: Студент – Тиквеш Флорида

1996 година, Скопје: Вигор Скопје – Студент

1997 година, Радовиш: Студент – Вигор Скопје

1998 година, Кавадарци: Вигор Скопје – Младинец

1999 година, Кавадарци: Тиквеш Фени Мак – Вигор Скопје

2000 година, Скопје: Вигор Бос Скопје – Водњански Лисици

2001 година, Охрид: Водњански Лисици – Вардар

2002 година, Охрид: Тиквеш – Профитнес Охрид

2003 година, Струга: Кимико – Вигор Скопје

2004 година, Струга: Кимико – Вигор Скопје

2005 година, Скопје: Кимико – Изградба Комерц М Скопје

2006 година, Струмица: Кимико – Изградба Комерц М Скопје

2007 година, Битола: Вигор Скопје – Водњански Лисици

2008 година, Кавадарци: Вигор Скопје – Младинец

2009 година, Охрид: Вигор Скопје – Билјана 006

2010 година, Делчево: Вигор Скопје – Младинец

2011 година, Скопје: Вигор Скопје – Вардар Младинец

2012 година, Делчево: Вигор Скопје – Клубски Делчево

2013 година, Делчево: Клубски Делчево – Кросиг

2014 година, Охрид: Бадел 1862 – Кросиг

2015 година, Скопје: Бадел 1862 – Лотос

2016 година, Гевгелија: Бадел 1862 – Лотос Скопје

2017 година, Кавадарци: Вардар – Бадел 1862

2018 година, Кавадарци: Вардар – Бадел 1862

2019 година, Гевгелија: Вардар – Бадел 1862

2020 година: финалниот турнир не е одржан

2021 година, Скопје: Баскет Кам 2011 – Бадел 1862

2022 година, Скопје: ???

ПретходноСкандалозно: „Ѕвездата“ на Сити вмешан во тепачка во која учествувала и неговата мајка! (ВИДЕО)
СледноКога Конте „полуде“ од радост! (ВИДЕО)