КУП НА МАКЕДОНИЈА: Баскет Кам по голема драма го одбрани трофејот (ФОТО)

149

Баскет Кам успеа да ја одбрани титулата во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ и да го подигне вториот пехар во својата историја. Тимот од Македонската Каменица втора година по ред во финалето е подобар од Бадел 1862, овој пат по продолжение славеше со 61-64.

Пуљизовиќ со 23 поени и 18 скока беше прв стрелец, Алексиќ имаше 15 поени, додека Тасевска десет. Кај Бадел, Стојановска беше реализатор на 22 поени.

„Баделки“ го отворија мечот со 6-2, на другата страна тимот од Македонска Каменица се врати и дојде до водство кое го одржуваше на две и пол минути до крајот. Македонскиот вицепрвак со серија од 7-0 поведе по првата четвртина со 19-13.

Баскет Кам одигра многу подобро во вториот период, ја зацврсти одбраната, а нападот функционираше многу подобро, овој дел беше подобар 11-24, па на одморот замина со позитива од 30-37. Бранителот на трофејот успеа да го задржи ритамот, во скромен број на поени (10-12) во третата четвртина беше подобар противник.

Позитивата беше 40-49, Баскет Кам имаше шанса да поведе и со двоцифрена разлика, не ги искористи шансите.

Бадел 1862 не се откажа, па по само три и пол минути игра во последната четвртина со шест поени на Стојановска, два на Кметовска и два на Трајчевски поведе со 50-49. Тасевска ја прекина црната низа на својот тим за 50-51 за враќање на неизвесноста, беше и 52-56. Но, кога се чинеше дека е се готово, Стојановска на 22 секунди до крајот израмни на 58-58, на другата страна Антиќ не погоди за три поени, мечот беше одлучен по продолжение.

Во дополнителните пет минути подобар за нијанса беше Баскет Кам.

ПретходноПерез не отстапува: Мбапе или Халанд? Еден од нив доаѓа на „Бернабеу“
Следно„Нула“ на дербито во Загреб, Адеми влезе и се повреди