Историјата е испишана. ТФТ ја приреди најголемата сензација во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ го урна бранителот за прв трофеј во ова натпреварување. Боро Смилковски и неговите момци најави и остварија, го совладаа МЗТ Скопје со 80-66 и заслужено се радуваа на овој голем успех.
Хортон со 23 поени и седум скока беше лидер, Костоски запиша 13, додека Смит 12 поени и 17 скока. Кај МЗТ Скопје Рикиќ имаше 16 поени.
Тимот од Тафталиџе беше подобар во текот на целото полувреме, иако претежно играше индивидуални акции. МЗТ Скопје имаше водство само на почетокот на дуелот, 0-3 и 2-5. Контролата ја превземаа кошаркарите на ТФТ, поведоа со 15-9 и со 17-11, по првата четвртина беше 21-17.
Со два поени во низа и две и пол минути игра во вториот период, избраниците на Боро Смилковски дојдоа на плус осум 25-19. Најголемото водство беше девет поени разлика, токму по последните 39-31, Рикиќ заедно со Крстевски доближија на 39-37, ова беа и најдобрите моменти на актуелниот првак во првото полувреме, по кое имаа негатива од 41-37.
Војдан и Крстевски по долго време го вратија водството на својот тим (41-42 и 44-45). „Сино-белите“ водени од одлична атмосфера и поддршката на „Фемили“ почнаа да играат на едно повисоко ниво. Драмата продолжи, ТФТ не падна под притисокот, исто како и МЗТ Скопје беше крајно мотивиран. Хортон, Маслинко, Смит, Костоски…беа моторите, со серија од 3-13 зголемија на 60-51. На другата страна МЗТ беше во поентерска криза.
Во последните десет минути, негативата која „сино-белите“ беше 60-57. Ташковски на стартот зголеми на двоцифрени 63-53. Нервозата во редовите на МЗТ растеше, Дамјан заработи техничка грешка. На другата страна исто заработи и Хартон, мечот доби поинаков тек.
ТФТ ја одржуваше предноста од десет поени (65-55, 68-58). Костоски со тројка, Смит со две слободни фрлања зголемија на 73-60. Не успеа МЗТ Скопје да фати ритам, вечерва шутот не беше најсилно оружје. На другата страна тимот од Тафталиџе, беше далеку поснаодлив, добро знаеше што сака, на крајот победата и трофејот се повеќе од заслужени.