Екипата на Динамо Загреб направи кикс на домашен терен откако предмалку одигра само 0:0 на дуелот против тимот на Локомитива. За нас ова како податок и не е така важен колку што е важеној детал од натпреварот кој вели дека Аријан Адеми влезе од клупата како резерва во вториот дел и по само неколку минути игра во судир со соиграч се повреди. Страдаше неговиот бутен мускул, и тој мораше да биде заменет.
Нервозата и гневот од оваа ситуација беа видливи кај нашиот репрезентативец кој на клупата нервозно го долгеда остатокот од мечот.
Ќе видиме во следните ден два какви информации ќе пристигнат во врска со Адеми, а искрено се надеваме дека не се работи за нешто посериозно. Стефан Ристовски не беше во составот на Динамо за овој меч.