Нури: Ќе го шишаме Аце Костоски!

675

Едис Нури со ТФТ ја започна приказната уште кога овој тим беше во Втората лига. Му подаде рака на Боро Смилковски и заедно почнаа да ја пишуваат приказната. Минатата година беа сензација како дебитанти, оваа имаат веќе и со што да се пофалат. За првпат во својата историја го подигнаа пехарот во Купот на Македонија.

Во овој кошаркарски маратон, најважно е да се верува. ТФТ веруваше и оствари голем успех.

„Знаев дека имаме шанси да отидеме до крај. Со Костоски сабајле се обложивме дека ќе има шишање ако го освоиме пехарот, ќе го шишаме Костоски. Ова не е крај, ова е само почеток, одиме на титули. Имаме потенцијал за тоа, затоа одиме чекор по чекор. 

Пред три четири години ме убеди да се вратам токму поради таа улога, да ги советувам, да ги извадам на вистинскиот пат“, рече Нури по финалето. 

ПретходноЈувентус без Дибала за мечот со Виљареал во ЛШ?
СледноКЛАДБА СИ Е КЛАДБА: Нури го суреди Костоски (ФОТО)