Охридска фудбалска УБАВИНА! (ФОТО)

1934

Фото: Ohridnews.com

Фудбалот и дефинитивно се врати во Охрид. Вчера во меч од 16.коло во ВМФЛ – ЗАПАД гостуваше Вардар а на трибините на СРЦ „Билјанини Извори“ најмалку 5.000 гледачи. Фантастична бројка за наши услови, супер атмосфера, спектакл, охридска фудбалска убавина. Охрид одличен, разигран, Вардар се спасуваше, ако не беше Гачевски славниот Вардар ќе загубеше, вака 0:0 на крајот.

Браво, секоја чест за „рибарите“, а “комитите“ за малку ќе го нарушеа спектаклот со својата вообичаена…, ајде да не кажеме некој потежок збор. А играта на Вардар беше катастрофа. Но, доста за Вардар, овде станува збор за Охрид. Предводен од новото раководство на чело со легендарните Данчо Целески и Гоце Толески, овој клуб има иднина.

Благодарение на порталот „Охридњус“ низ фотографии ви ја пренесуваме ОХРИДСКАТА ФУДБАЛСКА УБАВИНА од вчера.

ПретходноКога Конте „полуде“ од радост! (ВИДЕО)
СледноИсториска шанса за ТФТ и МЗТ Скопје, „аеродромци“ после 19 години можат да го поминат Работнички