Попладнево од 14 часот се играат пет натпревари од 20.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Секако дека дербито е меѓу Работнички и Шкупи кое се игра на Арената. Ова ќе биде и градски дуел за тоа кој ќе биде “фраерот“ во главниот град. Шкупи е фаворит како никогаш досега. Тимот од Чаир е во супер серија од пет победи и едно реми во последните шест средби во ПМФЛ. Последен пат лидерот е поразен токму од скопски тим, од Македонија ЃП.
Главно прашање е ќе може ли Работинички да го сопре Шкупи?
“Работнички е добар, организиран тим. За нас ова ќе бидат тешки 90.минути. Го почитуваме Работнички, но ако ги следиме упатствата на нашиот тренер очекувам дека ќе успееме да дојдеме до добар резултат. Штета што и на овој меч ќе ги нема нашите верни фанови – „шверцерите“, тие се нашиот 12-ти играч“ вели Блертон Шеји, младиот офанзивен бек на чаирачани.
Супер интересно ќе биде и во Тетово, каде разиграната Ренова ја дочекува Македонија ЃП. “Гипсарите“ очекуваат нова добра партија и уште една победа. Сепак никогаш не е лесно против “лавовите“, напротив.
Во Струга се среќаваат Струга ТЛ и Брегалница, а во Струмица домашната А. Пандев е апсолутен фаворит против составот на Скопје, додека во Кавадарци домашниот Тиквеш очекува сигурни бодови против Пелистер.
Вчера во Велес тимот на Шкендија со 0:3 славеше против Борец на отворањето на ова 20.коло.
ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР
А.ПАНДЕВ – СКОПЈЕ
ВЧЕРА:
БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0:3