ПМФЛ: Чаирчани се „фраерите“ во Скопје, Илчо пак не победи, шоу на “пандевци“, Тиквеш до триумф во 89.минута…

1838

Чаирско славје среде Арената во Градски парк. Во дербито на 20.коло Шкупи со 0:1 го победи Работнички. Стрелец беше Радески во 68.минута и тоа по асистенцијата на Адетунџи. Нема што, Шкупи е „фраерот“ во главниот град. Апсолутно заслужена победа, триумф со кој ја продолжува победничката серија. Повеќе шанси имаа момците на Гоце Седлоски и заслужено славје. Останува таа разлика од 8 бодови пред Шкендија во битката за титулата.

Гол – шоу во Струмица. А. Пандев со 5:0 го победи Скопје. Пепи Горгиев од 5. до 29.минта постигна хет-трик, потоа следуваа головите на Ангелов и Велиновски. Ова се деби – голови на Горгиев и Ангелов.

Струга ТЛ и Брегалница одиграа 1:1. Уште еднаш Илчо Ѓорѓиоски не успеа да се радува на победа со штипјани. Мартин Стојанов му донесе водство на гостинот, но Босанчиќ со прекрасен гол од слободен удар ја спаси Струга ТЛ од пораз.

Тиквеш по многу борба, црвени картони, сепак во 89.минута со голот на Благоја Љамчевски со удар од далечина успеа да го победи Пелистер.

И во Тетово труиумф на Македонија ЃП како гостин кај Ренова, и тоа со голот на Воша во 2.минута.

Вчера Шкендија со 0:3 го победи Борец среде Велес.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 20.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 0:1

(/Радески 68.)

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1

(/Воша 2.)

А.ПАНДЕВ – СКОПЈЕ 5:0

(Горгиев 5.,11., 29.,, Ангелов 76., Велиновски 84./)

ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР 1:0

(Љамчевски 89.)

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 1:1

(Босанчиќ 84./М. Стојанов 59.)

ВЧЕРА:

БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0:3

(/Маркоски 43., Тимовски 60., Дита 78.)

ПретходноЈокиќ: Не знам како ќе играме со Лука и двајцата сме дебели
Следно„Братското дерби“ го реши Љамчевски кога удри со “бомба“ по“својот“ Пелистер!