Последен ден во Пекинг: Норвешка стигна до 16-то злато, Шифрин остана без медал во Пекинг

139

На последниот ден од Зимските олимписки игри во Пекинг беа доделени последните медали. Во центарот на вниманието и натаму е Норвешка која дојде до 16. златен медал.

Нордиска легенда, Терезе Јохауг го освои третото одличје во Пекинг, откако победи на во крос-кантри скијање (30 колиметри) со време од 1:24:54. Второто место и припадна на Американката Џеси Дигинс за прв медал за САД во крос-кантри скијањето од 1976 година, додека бронзата ја освои Керту Нисканен од Финска.

Австријците во состав на Катарина Хубер, Катарина Линзбергер, Катарина Трупе, Штефан Брештајнер, Михаел Мат и Јоханес Штролц, победија во мешаната трка во паралелен слалом, во финалето беа подобри од Германија во финалето. Микаела Шифрин од Пекинг си отиде без медал, Американците загубија од Норвешка во трката за третото место.

„Не сум разочарана. Имав многу такви моменти на овие Игри, а овој денеска не е ниту еден од нив. Денеска дури ги имам најдобрите спомени од Пекинг“, изјави Шифрин.

ПретходноПогледнете го голчиштето на Суарез и неверувањето на Симеоне (ВИДЕО)
СледноСкендери: Струга ТЛ оди на победа против Брегалница!