Пјонтек ја прекина серијата без победи на Фиорентина (ВИДЕО)

131

Со голот на Пјонтек во 56. минута, екипата на Фиорентина ја прекина серијата од два меча без победа во Серија А совладувајќи ја на домашен терен екипата на Аталанта во еден од клучните натпревари за пласман во европските купови.

Новото засилување за „виолетовите“ оваа пролет успеа да ја погоди гостинската мрежа на самиот почеток на второто полувреме и да и донесе 13-та победа на Фиорентина со која се пробивана 7. место на табелата.

Аталанта со овој пораз ја продлабочи кризата, затоа што тимот на Гасперини веќе пет меча во серија нема остварено победа.

ПретходноБрука на годината во изведба на Нејмар! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Пепи Горгиев го “полни“ Скопје, без голови на дербито…