Шкупи го совлада Работнички на „Арената“ со 1:0 и ја запиша 15-тата победа сезонава во ПМФЛ. Напаѓачот Марјан Радески го постигна единствениот гол на натпреварот.
„Ова се три важни бода за нашата екипа. Даваме се од себе на секој меч и се надеваме дека ќе продолжиме во исто темпо до крајот и да носиме радости на нашите навивачи и се разбира, титулата на Чаир. Среќен сум што токму јас го постигнав голот кој донесе победа, а што е најважно стигнавме до трите поени. Мислам дека ги заслуживме затоа што доминиравме од почетокот на натпреварот до крајот“, изјави Радески.
Шкупи има 48 поени на чело на табелата, а наредниот меч им е против Тиквеш на свој терен.