Радуловиќ: ТФТ повеќе ја посакуваше победата од нас!

98

МЗТ скопје не успеа да дојде до 11. трофеј во Купот на Македонија, во финалето беше совладан од ТФТ со 79-65. Вечерва Дарко Радуловиќ ги немаше склопено сите кокцки, неговите играчи беа под нивото, вечерва научија како се освојува пехар.

„ТФТ беше енергетски подобар од нас, имавме проблем со скокот, едноставно не успеавме да го спречиме нивниот најдобар скокач Смит. Второ имавме проблем со техничките на Дамјан, мислам дека беше пренагласено. Повеќе ја посакуваа победата, не успеавме да ја задржиме истата енергија. Во оние моменти кога се враќавме бевме непромислени, правевме грешки, некои играчи не се влезени во посакуваниот ритам. Во секоја случја им ја честитам победата на ТФТ“, изјави Дарко Радуловиќ. 

Дамјан Стојановски беше краток по мечот, потенцира дека заморот е една од причините за поразот во финалето.

„На три меча не е возможно да се игра, бевме уморни, Мекиќ беше повреден. Затоа ова е натпреварувањето е специфично, не победува секогаш фаворитот. Не чека АБА 2-лига каде се бориме за пласман во следната рунда, а потоа домашното првенство“, изјави Дамјан. 

ПретходноКонечно најде клуб – Вилшир ќе игра за дански Архус
СледноСмилковски: Ова не е последното нешто што ќе го кажеме сезонава