Смилковски: Ова не е последното нешто што ќе го кажеме сезонава

229

Тренерот на ТФТ Боро Смилковски е импресиониран и пресреќен од победата над МЗТ Скопје и освојување на трофејот од Купот на Македонија што е најголем успех на младиот клуб од Тафталиџе. Втора година меѓу најдобрите, а веќе го освои првиот трофеј.

Имавме осцилации во текот на сезоната, но оваа екипа покажа карактер, како мотивациски говор на играчите им кажав дека можеби сите ќе отидат по различни патишта но овој ден ќе се памети засекогаш. Ја посветувам победата на мојот покоен татко кој денеска ќе наполнеше 70 години и на мојот новороден син. Горд сум, се надевам дека нема да биде последното нешто што ќе го кажеме сезонава“, изјави тренерот на ТФТ Смилковски.

Уште од минатата година кога почнавме да играме во Првата лига имавме идеја и концепт од кој не отстапувавме – тоа е да играме модерна, европска кошарка, како мал тим како нас кој буџетски не може да се носи со големите тимови, се што можеме да направиме е да се натрчуваме да имаме повеќе енергија и да се натпреваруваме. Така и ги биравме играчите кои ги донесовме повеќето од нив се веќе втора година во овој процес, успеавме да ги научиме, поточно тие да научат што значи да си професионалец затоа што пред се тоа се млади момци дојдени од колеџ за првпат со некое професионално кошаркарско искуство“, вели Смилковски.

ПретходноРадуловиќ: ТФТ повеќе ја посакуваше победата од нас!
СледноЈувентус без Дибала за мечот со Виљареал во ЛШ?