Смит прогласен за најкорисен играч: Верувавме во себе, сите момци се МВП

255

Амир Смит го понесе признанието за најкорисен кошаркар во Купот на Македонија. Американецот во финалето против МЗТ Скопје одигра одличен натпревар, постигна 12 поени, но царуваше под обрачите со 17 скока.

„Се чувствувам одлично, работевме сите напорно. Не можев да посакам нешто повеќе од моите соиграчи, од мојот тим. Ние сме една група на феноменални играчи. Не сум само јас играчот кој е МВП, тука имаме и други момци во овој тим кои можат да „летаат“. Верувавме во Бог, верувавме во себе, дојдовме до извонреден успех“, изјави Смит по доделувањето на МВП признанието. 

ТФТ вечерва го освои првиот пехар во својата историја и најави дека нема да застане, ќе продолжи да се бори и во првенството.

ПретходноКЛАДБА СИ Е КЛАДБА: Нури го суреди Костоски (ФОТО)
СледноУдинезе одигра нерешено со Лацио, Нестор остана на клупата (видео)