Тухел збесна: Не знаете ништо, се обидуваме да преживееме!

315

Челзи во 26. коло во Премиер-лигата за малку ќе киксираше кај Кристал Палас, славеше со 1-0 со гол во 89. минута. Овој натпревар дојде една недела откако англискиот тим го освои светското клупско првенство.

По мечот новинарите го налутија тренерот на „сините“, Томас Тухел, со прашањата за играта и фактот дека неговиот тим имал цела недела да се подготвува за овој дуел.

„Не знаете ништо. Морам да останам смирен. Оваа недела почувствувавме разлика од 30 степени. Имам шетстмина играчи кои се настинаа во авион, немам ниту еден фудбалер кој спиеше добро во Абу Даби поради временската и температурната разлика. Онаа недела не беше идеална за подготовка. Во овие моменти се обидуваме да преживееме, тоа може да се види“, изјави Тухел.

Челзи се наоѓа на третото место во Премиер-лига, на 13 бодови зад Сити.

„Можеме да играме подобро, но имаме проблеми. Светското клупско првенство беше голем товар за нас, играчите сакаат да постанат светски прваци, не игравме премиер-лигашки натпревари скоро месец дена. Има многу причини поради кои не очекував сјајен меч“, додаде Тухел.

ПретходноСкендери: Струга ТЛ оди на победа против Брегалница!
СледноПорто им се врати победите, десет одбрани и два гола на Митревски