Карл Ентони Таунс постана првиот центар кој победил во натпреварот за тројки на Ол-Стар викендот, домашната публика во Кливленд беше воодушевена со победата на своите момци во Skills Challeng, додека врвот беше натпреварувањето во забивање, ниту еден од пријавените не доби максимална оценка.
Минатогодишниот финалист Оби Топин од Њујорк Никс беше најмалку лош од четворицата натпреварувачи, од 25 обиди направи седум успешни забивања во првата рунда, додека Кол Ентони не успеа да го изведе својот втор чин. На сличен начин во финалето отпадна Хуан Тоскано-Андерсон.
Пред импресивно жири составено од легендите Вилкинс, Томас, Дрекслер, Робинсон и Вејд, Топин конечно победи со забивање кое не воодушеви баш, но по прегледување на снимката можеше да се види дека откако ја протна топката низ обрачот, ја тапкаше таблата.
OMG OBI TOPPIN 😳
(via @ActionNetworkHQ)— Overtime (@overtime) February 20, 2022
Бидејќи Дирк Новицки и Кевин Лав беа крилни центри, Карл-Ентони Таунс од Минесота стана првиот центар со титулата најдобар тројкаш, што и не е таква сензација ако се знае дека во текот на неговата кариера има подобар процент од три поени од било кој центар во историјата. Тој победи со 29 бодови, а преостанатите двајца финалисти Треј Јанг и Лук Кенард собраа 26 бода.
KAT wins with a new record beyond the arc. 🏆pic.twitter.com/fUudEm2zuW
— The Players’ Tribune (@PlayersTribune) February 20, 2022
Во натпреварот во вештини трофејот му припадна на тимот на Кливленд (Гарланд, Мобли, Ален), пред тимот Адетокумбо и тимот на „новајлиите“.
EVAN MOBLEY FROM HALFCOURT TO WIN #TacoBellSkills FOR TEAM CAVS IN CLEVELAND!#StateFarmSaturday #NBAAllStar pic.twitter.com/TKYL6eiafZ
— NBA (@NBA) February 20, 2022