Џака повторно направи глупост – навивачите на Арсенал се бесни (ВИДЕО)

2005

Арсенал го победи Брентфорд со 2-1, а Гранит Џака одби да ја стави капитенската лента во 84. минута.

Капитенот Алекснадaр Лаказет излезе од игра, а лентата требаше да дојде во рацете на Џака, кој едноставно не сакаше да ја стави.

На крајот дефанзивецот Киран Тиерни ја стави капитенската лента, додека швајцарскиот репрезентативец повторно се најде на мета на фановите.

На Џака претходно му беше одземена лентата во 2019 година, откако влезе во кавга со навивачите на својот тим. Додека тој ја напушташе играта, навивачите му свиреа на играчот од средниот ред, а 29-годишникот им гестикулираше да се „е**т“.

 

ПретходноОстапенко го освои Дубаи и по 4 години се враќа во ТОП 15
СледноЦентар за првпат победи во тројки, забивање очајно во Кливленд (ВИДЕО)