Докторе сила си…. (ВИДЕО)

1792

Дека Македонскиот фудбал е непресушен извор на комични ситуации, дали на терен дали на трибините не е непознаница. Едноставно помирени сме со тоа, се додека сериозно нешто не се рпеземњ во врска со инфраструктурата, модернизацијата на објектите, како и максимална професионализација на клубовите. Се до тогаш, ќе бидеме сведоци на ситуации како на пример онаа од вчера кога на мечот Борец – Шкендија во Велес, од сасега непознати причини за јавноста при повредата на домашниот играч, не беше употребена носилка, (како во цел нормален фудбалски свет), туку докторот  на домашните зеде и го крена во раце!? Можеме само да му честитаме на докторот за силата која што ја покажа (не е лесно да кренеш возрасен маж во раце и да го однесеш десетици метри), а на Борец од Велес му порачуваме да набави носилки ако ништо друго за следниот меч.

ПретходноСамо Миркуловски победнички во Бундес-лига
СледноБарселона е пресилна за Валенсија (ВИДЕО)