Тимот на Борусија Дортмунд приреди своевиден подвиг попладнево откако на домашен терен го совлада тимот на Борусија Менхенгладбах со 6:0.
Гол серијата започна во 26. минута откако погоди Марко Ројс, а потоа се редеа погодоците на Мален, Волф, Моукоко, , повторно Ројс и да заврши со удар од белата точка на Емре Џан.
Со овој висок триумф Дортмунд ја потврди втората позиција и 49. поени, додека пак Гладбах е 13. со 26 бода.