Дефанзивецот на Струга Трим Љум, Томе Китановски денеска на дуелот со Брегалнцица на домашен терен потешко се повреди. Страдаше неговата рака, на која за жал заработи двојна скршеница и која што повреда за ќе мора да биде санирана со операција. Истата ќе биде извршена во вторник.
Ова значи дека за искусниот дефанзивец заврши тековната сезона. Повредата не е наивна, бара подолг период на опоравување, и му посакуваме на Китановски истиот да заврши што побргу.