Екипата на Удинезе одигра 1:1 против Лацио на својата „Дачија“ арена во рамките на Серија А. „Црно-белите“ имаа добро отворање на мечот затоа што на асистенција на Перез голот на гостите го погоди Жерар Делофеу уште во 5. минута.
Лацио изедначи во 45 минута преку Фелипе Андерсон.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски остана на клупата и не доби минутажа од тренерот Габриеле Чофи.
Ова е 10-то реми на Удинезе и го држи 16-тото место на табелата со четири бода повеќе од опасната зона. Лацио е 6-ти со 43 бода и седмо реми сезонава.