Арсенал го победи Брентфорд со 2-1, а Гранит Џака одби да ја стави капитенската лента во 84. минута.
Капитенот Алекснадaр Лаказет излезе од игра, а лентата требаше да дојде во рацете на Џака, кој едноставно не сакаше да ја стави.
На крајот дефанзивецот Киран Тиерни ја стави капитенската лента, додека швајцарскиот репрезентативец повторно се најде на мета на фановите.
На Џака претходно му беше одземена лентата во 2019 година, откако влезе во кавга со навивачите на својот тим. Додека тој ја напушташе играта, навивачите му свиреа на играчот од средниот ред, а 29-годишникот им гестикулираше да се „е**т“.
Granit Xhaka turns his nose up at the Arsenal armband ©️🤔 pic.twitter.com/NiGt73wx9C
— DAZN Canada (@DAZN_CA) February 19, 2022