Наполи направи кикс во трката по „Скудетото“ во Италија откако одигра 1:1 на гостувањето кај Каљари, тимот кој се бори за опстанок во елитното италијанско друштво. Гастон Переиро во 58. минута го доведе Каљари во водство, а Наполи изедначи во 87. минута со голот на Виктор Осимен. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра цел меч.
Наполи по 26. кола е на третото место со 54 бода, исто колку што има Интер на второто место, но „нероаѕурите“ имаат и меч помалку. Лидер е Милан со 56 бода.