И официјално: Стефан Додиќ до крајот на сезоната во Вардар!

266

Вардар 1961 и официјално потврди дека има нов среден бек. Станува збор за Стефан Додиќ, кој доаѓа од редовите на ГРК Охрид.

Додиќ во дресот на македонскиот првак ќе остане до крајот на сезоната, по која заминува во Киелце со кого има договор, но прашање е дали ќе остане во тимот или пак ќе биде испратен на позајмица.

Додиќ потекнува од школата на Металург, веќе има искуство во европските клупски натпреварување, тој ќе биде добро решение за позицијата среден бек, заедно со Анте Гаџа, кој поради повреда пропушти два натпревари.

Добра вест е што Додиќ ќе има право на настап за дуелот против ППД Загреб во рамките на Лигата на шампиони, закажан за во среда.

ПретходноНа Бајиќ му е забрането да влезе во Косово, не може да патува со македонската репрезентација!
СледноСтојоски го урна рекордот на Мачев стар 35 години!