Португалскиот стратег Жозе Мурињо доби црвен картон за време на натпреварот меѓу Рома и Верона викендов поради што тој може да добие две или три натпревари суспензија поради зборовите што ги упатил кон главниот судија и неговите помошници. „Волчицата“ губеше со 0:2 пред да изедначи, но Мурињо го загуби трпението па доби црвен картон во 90 минута. Според „Ла Стампа“ тренерот му се развикал на судијата: „Од Јувентус те испратија, така?“.
„Бјанконерите“ и Рома се во групата на тимови кои се борат за четвртото место, кое е последното кое води во групите на Лигата на шампионите. Торинскиот тим е четврти на табелата со шест поени пред Рома која е на осмата позиција.
Mourinho getting sent off? Grass is green. I can’t help but love the bloke.
— HLTCO (@HLTCO) February 19, 2022