Искусниот вардаров голман, Борко Ристовски уште една сезона ќе биде на голот на актуелниот македонски првак. Поранешниот македонски репрезентативец сака да им помогне на своите помлади соиграчи Мартин Томовски и Васил Гогов.
„Јас сум човек кој сака да даава шанса на помладите. Среќен сум и задоволен од развивањето на Томовски. Тој е меѓу трите најдобри ракометари во Лигата на шампионите, додека пак Гогов е млад. Треба да се става акцент на младите, секогаш кога имав можност им отстапував минутажа на двајцата во договор со тренерите, изјави Ристовски на денешната прес-конференција.