Во својот настап на Меѓународниот митинг за Сениори во Сала кој се одржа овој викенд во Будимпешта , Унгарија , Јован Стојоски освојуваjки го првото место го собори националниот рекорд на Македонија на 400м во сала. Тој делницата ја истрча со време 47.18 сек. вреден 1096 бодови, со што го урна рекордот стар 35 година со претходна сопственост на нашата атлетска ѕвезда Исмаил Мачев. На Мачев рекордот изнесува изнесуваше 47.49 сек. поставен исто така во Будимпешта. Секако дека ова е големо достигнување, голем, резултат на нашиот атлетичар кој има што да каже и во иднина.