Удар за Барселона – Депај сака да го раскине договорот!

984

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај може да ја напушти Барселона и тоа по само една сезона во клубот. Според „Диарио спорт“ и „Марка“ Депај сака да оди во друг клуб, а за него се заинтересирани Милан, Интер и Јувентус.
Мемфис бил воодушевен од интересот од овие клубови и повеќе би сакал да заигра на „Сан Сиро“ или во Торино отколку да остане да игра во Барселона која е на почетната точка од процесот на реновирање. Интер и Милан веќе се издигнаа по неколку години пауза и се борат за титулата, а и Јувентус се уште е при врвот.

И покрај тоа што Депај има договор со Барса до 2023 година не е искучено тој да отиде во еден од трите италијански клубови. Депај запиша 8 гола во 16 натпревари во Ла Лига, но повредите, како и доаѓањето на Феран Торес и Пјер-Емерик Обамејанг му ги намалија минутите за игра.

ПретходноОткриено што му рекол Мурињо на судијата по црвениот картон со Верона
СледноТриумфален кам-бек на Ѓоковиќ – настрада Италијанец!