Како што известуваат медиумите во Црна Гора, Новак Ѓоковиќ, во моментов најдобриот тенисер во светот има намера на Јадранот, поточно во Будва да гради голем спортски центар, односно спортски комплекс со хотели, разни придружни елементи и велелепен терен за голф. Овој проект би се реализирал со помош на Инвестицскиот фонд од ОАЕ, а целата вредност би изнесувала фантастични 300 милиони евра.
Тој веќе бил во „инспекција“ во Будва, а самиот комплекс би бил во близина на познатата плажа Јаз во Будва. Теренот за голф би бил со 18 дупки, и би бил единствен со таква големина во овој дел на Европа.