Бабунски: Ќе продолжам онаму каде што застанав во Бугарија

490

Дориан Бабунски е играчот за кого ќе зборуваме доста во следните неколку дена. Напаѓачот ги псотгина своите први голови за Дебрецин, неговиот нов клуб, и тоа два на еден ист меч. Творец е на победата над  Пушкаш Академија, и сите се презадоволни од прикажаното.

„Многу сум среќен и задоволен со мојот почеток во Дебрецен. Головите се резултат на добрата работа што заедно со тренерите и екипата откако дојдов тука. Чувствувам дека ова беше правиот чекор во мојата кариера, доаѓањето во Дебрецин. Имам поддршка од тренерот, има доста самодоверба, и мислам дека ќе продолжам онаму каде што застанав есеноска во Бугарија, што се однесува до головите“ – вели Дориан Бабунски за Спортмедиа.   

Секако дека како и за секој напаѓач така и за него, потребно е време да се адаптира на новата средина и да се навикне на новте фудбалски околности околу него.

„Унгарската лига е дефинитивно подобра од онаа во Бугарија. Тука дефанзивците се далеку поквалитетни, подобро физички подготвени, и што е многу важно тактички добро потковани. На еден напаѓач вооопшто не му е лесно во оваа лига. Фактот што играме заедно со Давид за мене претставува остварување на сонот, кој долго го чекаме и јас и тој. Сигурен сум дека ќе постигнеме многу нешта заедно“ – истакнува Дориан Бабунски. 

ПретходноСавевски одбра за Словенија
СледноАјакс ќе му плати на Нури 7.8 милиони евра отштета