Битолчани уриваат рекорди: Пелистер 20 меча во серија или 9 месеци е без победа во ПМФЛ!

182

Просто неверојатни се бројките кои се врзани за Пелистер, за еден од нашите најголеми и најпопуларни клубови. Пелистер и вчера загуби и тоа во Кавадарци, од Тиквеш и тоа со голот на “својот“ Благоја Љамчевски во 89.минута. Значи битолските “зелени“ си тераат по старо. Имено битолчани не само што и по 20.коло немаат победа во ПМФЛ, туку немаат триумф на еден меч од 16.05.2021 година кога славеа над Беласица со 2:0. А тоа е од минатата сезона во нашата елитна лига. Значи цели девет месеци или 20 меча во серија Пелистер не знае за победа во ПМФЛ.

Фрапантно, а со тоа „зелените“ од Битола просто уриваат негативни рекорди. Нешто што досега ретко се памети не само во фудбалска Македонија и воопшто во Европа па и пошироко.

Сезонава Пелистер одигра 20 меча, има само пет ремија и 15 порази. Гол разликата е 6:32, освоени се само пет бодови.

Се разбира на новото раководство му треба време сите конци да се “поврзат“ во клубот, да се направи тим и клуб на здрава основа, па дури потоа следува враќањето при врвот на мак – фудбалот. Тоа сите го сакаат, силен Пелистер и тоа како и е потребен на фудбалска Македонија.

Единствена утеха е фактот дека Пелистер сезонава во Купот е во полуфиналето. Значи има каква – таква шанса дури и за излез во Европа.

ПретходноРАДОЈКО ГРОЗДАНОВСКИ ОСВОИ ФАНТАСТИЧНИ 1.487.083 ДЕНАРИ СО МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ
СледноMajсторите од „Мапеи“ повторија италијански рекорд стар 66 години