Пред продолжение на сезоната, Вардар 1961 доби засилување на позицијата среден бек, која е најпроблематична, особено по повредата на Анте Гаџа. Во текот на денешниот ден се чека и официјална потврда од актуелниот македонски првак за Стефан Додиќ, трансфер кој беше најавуван во изминатиот месец.
Додиќ ги напушти редовите на ГРК Охрид, каде мина кратко време откако дојде од редовите на Металург. Со тимот од Автокоманда настапуваше во Европската лига, па веќе има искуство.
Младиот ракометар веќе има договор со Киелце, но според полските медиуми тој најверојатно ќе биде испратен на позајмица.
Македонскиот првак денеска закажа прес-конференција пред мечот со ППд Загреб во Лигата на шампиони, кој е одлучувачки за посакуваното шесто место на табелата.