Во Јуве меѓусебе се повредуваат: Какви “клизачи“…настрада Рабио! (ВИДЕО)

468

На Масимо Алегри уште тоа му недостигаше во пресрет на утрешниот дуел од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите кај Вилјареал. Имено на денешниот утрински тренинг се повреди Адриен Рабио, играчот за врска на Јувентус, и тоа се повреди по една несмасна интервенција на Диего Страмачони, играч од вториот тим на Јуве. При една вежба, популарно наречена „шева“, Страмачони со невидени “клизачи“ му отиде на Рабио кој остана да лежи долу на теренот, потоа мораше да интервенира и докторскиот тим на Јуве. Се уште не се знае Рабио е потешко повреден или не.

ПретходноMajсторите од „Мапеи“ повторија италијански рекорд стар 66 години
СледноЃоковиќ ќе гради спортски комплекс на Јадранот вреден 300 милиони евра!