Дибиров: Ќе има голема борба со ППД Загреб, но пред своите навивачи очекуваме само победи!

142

Вардар 1961 за остварување на една од главните цели оваа сезона – пласман во следната рунда во Лигата на шампионите, ќе мора да ја продолжи победнички. Македонскиот првак во среда на домашен терен игра еден од најважните дуели, го пречекува ППД Загреб, директниот конкурент за шестото место на табелата.

„Мислам дека среќни сме што ќе играме дома во вториот дел од сезоната, очекуваме голема поддршка за важниот натпревар. Во добра серија сме, играме подобро од претходно, имаме тежок распоред со натпревари и патувања, но ќе бидеме концетрирани на Загреб, но од нас ќе зависи колку добро ќе се подготвиме и ќе се држиме до планот. Мислам ќе биде добро. Загреб е добра екипа, во добра форма, се надевам дека ние ќе победиме, на домашен терен очекуваме само победи. Знаеме дека ќе биде тешко, за нас најважно е да победиме”, вели Дибиров.

И двата тима во пресметката во Скопје влегуваат со големи победи, Вардар го совлада Монпеље на гости, додека „плинарите“ беа подобри од Пик Сегед дома.

“Знаеме и ние и Загреб колку се важни бодовите на овој натпревар. Ќе има многу нервоза и борба, ама ако сакаме следна фаза, мора да го победиме директниот ривал. Сигурно и тие мислат така, имаме голем респект кон нив”, заврши Дибиров.

ПретходноУчествуваше на ЛОИ во Токио, шест месеци подоцна освои сребро на ЗОИ во Пекинг
СледноРистовски во Вардар до 2023 година!