Кавани после Манчестер се сели во Ботафого

837

Од Бразил стигнува вест дека тамошниот клуб Ботафого може да го привлече уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани кој игра во Манчестер Јунајтед. Ветеранот е член на клубот од „Олд Трафорд“ но има договор до крајот на сезоната по што тој ќе биде слободен фудбалер.
А Џон Текстор, сопственикот на Ботафого веќе контактирал со Валтер Гуљелмоне, агентот на Кавани, со цел да ги дознаат условите за преселба на напаѓачот во клубот од Рио де Женеиро. Не е познато дали се договориле и дали има позитивни сигнали за овој трансфер, но јасно е дека двократниот бразилски првак сака да направи сензационален потег со ангажман на еден од најдобрите уругвајски напаѓачи.

ПретходноДе Геа: Ми годи интересот од други клубови, но засега не планирам да го напуштам Јунајтед
СледноСкандалозно дерби на најмалите… родители ЗАСРАМЕТЕ СЕ! (видео)