Македонија со Димитријевиќ против Грузија ама само во Скопје!

304

Една добра и една лоша вест за Драган Бајиќ пред собирот за дуелите со Грузија за место во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.

Во составот на македонската кошаркарска репрезентација се враќа Ненад Димитријевиќ. Најдобриот македонски кошаркар ќе настапи во „црвено-жолтиот“ дрес, но само на дуелот со Грузија на домашен терен, кој се игра на 27. овој месец во салата „Борис Трајковски“.

Димитријевиќ има проблем со грбот, причина поради која имаше скратена минутажа во дресот на Валенсија, пред шпанскиот Куп. Тој ќе мора да оди на терапии, па нема да има доволно време да се биде фит за гостувањето во Тбилиси, особено ако се земе во предвид дека македонската кошаркарска репрезентација веќе утре заминува за Грузија. Нено треба да биде подготвен за реваншот во Скопје.

Инаку Дамјан Стојановски, вчера по завршување на финалето во Купот на Македонија им посака на репрезентативците успех на натпреварите со Грузија, со што најави дека нема да му биде на располагање на Бајиќ. Во составот нема да биде ниту Адем Мекиќ, кој се поведи и не играше во финалето.

ПретходноВардар 1961 доби нов среден бек!
СледноУште еден кошаркар му откажа на Драган Бајиќ!