Стипе Мандалиниќ е еден од клучните ракометари во составот на Е. Пелистер. Хрватскиот бек во пресрет на дуелот од Европската лига против Кадетен Шафхаузен, имаше свој коментар околу очекувањата. Да потсетиме дека Е. Пелистер – Кадетен Шафхаузен се игра во вторник во Бирола со почеток во 18:45 часот.
“Да, знаеме каква екипа Кадетен. Игравме и лани со нив, еве сега сме во иста група. Станува збор за сериозна екипа, имаат доста добри поединци, но и ние имаме и тоа како што да покажеме. Тоа ќе биде интересен натпревар, ќе видиме како ќе заврши“ потенцира Хрватот во дресот на Е. Пелистер.
Мандалиниќ не заборава да истакне дека Кањелас е главен кај тимот од Швајцарија…
“Сега противникот, за разлика од првиот меч, осетно ќе биде засилен. Им се вратија неколку ракометари во составот на чело со Шпанецот Жоан Кањелас, кој е нивен главен играч, или еден од најважните. Кадетен игра паметно, да не кажам досадно, и ние мора да го издржиме тој ритам“ рече покрај другото Мандалиниќ.