Нови главоболки за Бајиќ, уште двајца кошаркари нема да патуваат за Грузија!

682

Проблемите во македонската кошаркарска репрезентација не застануваат. Селекторот, Драган Бајиќ дефинитивно во Тбилиси нема да го има на располагање составот кој го посакува, Македонија против Грузија ќе излезе со помладен состав.

Нови кошаркари кои нема да патуваат се Бобан Стајиќ и Стојан Ѓуроски. Двајцата кошаркари на Пелистер ќе останат во Скопје. Стајиќ има температура, а здравствената состојба не е добра ниту со неговиот соиграч.

Од претходно од поширокиот список за првиот од двете средби со Грузија во рамките на првиот дел од квалификациите за СП 2023 година, отпаднаа Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ и Дамјан Стојановски. Со тоа што капитенот на МЗТ Скопје и Мекиќ нема да играат ниту за реваншот во Скопје, додека пак Димитријевиќ и Магдевски треба да се приклучат на тимот.

Шанса ќе добијат помладите играчи, списокот од 24 кошаркари за Тбилиси, се скрати на 16 имиња, нема да дојдат ниту Андреј Јакимовски и Лука Савичевиќ.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Кога нема носилки и докторот е добар!
СледноТрајковски стрелец во купот, Ал Феиха помина во следната фаза (ВИДЕО)