ОЛ-СТАР: Стеф Кари со рекордни 16 тројки за победа на тимот на Леброн (ВИДЕО)

1047

Тимот на Леброн Џејмс го победи составот на Кевин Дурент со 163-160 на Ол-Стар мечот кој се одигра во Кливленд. За „кралот“ ова бепе петта победа на Ол-стар мечевите од кога се игра во новиот формат, се уште нема ниту еден пораз.

Во традционалниот натпревар во кој одбраната е во втор план се исаткна бекот на Голден Стејт, Стеф Кари. За тимот на Лберон постигна 16 тројки, а мечот го заврши со 50. поени. Со ова Кари го урна рекордот на Ол-Стар мечевите кога ја постигна 13. тројка.

Покрај Кари, кој ја понесе МВП титулата, одличен беше и Јанис Адетокумпо, кој не погоди ниту една тројка, но затоа запиша 30 поени. Капитенот на тимот, Леброн Џејмс имаше 24 поени, додаде осум асистенции, и ги постигна последните поени на мечот за печат на триумфот.

Во составот на Леброн беа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Србинот запиша 10 поени за 21. минута на теренот, додека Словенецот застана на осум поени. Во тимот на Дурент, Ембид со 36 поени беше прв стрелец.

ПретходноУште еден блесок: Никола Ѓорѓиев ја освои и МЕВЗА лигата
СледноСловенецот во шок: Мајкл Џордан го изненади Дончиќ (ВИДЕО)