Салиу Попола – „џуџе“ на терените: Најнискиот професионален фудбалер во светот!(ВИДЕО)

1297

Се разбира дека во модерниот фудбал е многу подобро да си висок, силен, снажен што би се рекло. Сепак и ниските играчи, најдобар пример е Лео Меси и тоа како знаат да играат добар фудбал.

Но Меси за Салиу Попола е „џин“ ако се знае дека интернационалецот од Нигерија е висок само 157 см и важи за најнискиот професионален фудбалер во светот. Од видеото може убаво да се види дека Попола знае добро да игра фудбал, а некогаш својата „висина“ и тоа како добро ја користи.

Попола има 27 години, игра во мароканскиот тим Вајдат Фес, а својата кариера ја има почнато во Мец. Да кажеме дека Попола во 2016 година беше член на селекцијата на Нигерија која на ОИ во Рио де Жанеиро ја освои бронзата.

ПретходноМакедонија до 16 години ќе одржи тренинг камп во Кичево
СледноМакедонец ќе вози со велосипед 2.500 км околу екс-Ју републиките!